Откако беа прозвани Министерот Оливер Спасовски и МВР на денешната прес конференција од страна на Орце Георгиевски кој што е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ излегоа со партиско соопштение кое го пренесуваме во целост:
На денешната прес конференција во белиот дворец, во симболот на криминалот и корупцијата, беа изнесени информации за наводно учество на возило „џип“ со ЦОЛ таблички во еден од случаите за кои истрага води МВР.
Од каде се овие информации на ВМРО-ДПМНЕ?
Дали на очајната ВМРО-ДПМНЕ толку многу и смета работата на МВР и борбата со криминалот што не бира начин да им наштети на истрагите кои се во тек?
Криминалната ВМРО-ДПМНЕ треба да помири со фактот дека нема веќе ВМРО-МВРО, нема злоупотреба на полицијата и нејзино ставање во функција на одбрана на криминалот на режимот, како што 11 години делуваше оваа институција.
Денеска МВР работи професионално, отчетно, согласно законските надлежности и во интерес на граѓаните.
Ефикасноста на МВР ја потврдуваат и официјалните, јавно објавени податоци, каде што се гледа дека бројот на тешки кражби и разбојништва во 2018 година е помал во споредба со 2017 година, а се намалува и криминалитетот воопшто.
МВР и надлежните институции постапуваат по секое прекршување на законите, граѓаните се сигурни и безбедни. Тоа го потврдуваат и истражувањата на јавното мислење, две третини од граѓание се чувствуваат безбедно и сигурно.
ВМРО ДПМНЕ да престане да брани криминал и да ги остави институциите да работат.
Извор: sdsm.org.mk

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист