Убаво рече Филип Рикер дека опозицијата треба да биде конструктивна. Само што заборави да каже дека и власта, исто како и опозицијата, треба да биде конструктивна, бидејќи нејасно е зошто конструктивноста би требало да важи само за опозицијата, особено ако власта своето владеење го започнала со конструкција, па преку реконструкција стигнала до велосна деконструкција. Наедно – така барем мислам – и својата опозиција би требало да ја подучи. Колку што знам, и таа многупати пружа отпор на американскиот претседател Доналд Трамп. Башка, некои од опозицијата се сомневаат во неговата легалност. Дури тврдат дека на власт дошол со помош на руските тајни служби. Не е убаво такво нешто да се тврди за американскиот претседател. Не е фер. Но, да се надеваме дека и нив ќе ги искара.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!