Почитувани сограѓани,
Иако поминаа три месеци, после ветувањето дека за десет дена ќе се постави мостот, реализација се‘ уште нема. Поминаа и две години откако се вети дека во првите 100 дена од градоначалничкиот мандат, ќе се реши сообраќајниот хаос во Штип. Но, за време на традиционалниот настан Пастрамалијада, ги увидовме огромните недостатоци на локалната самоуправа при водењето на градот.
Мостот на река Брегалница веќе втора година по ред не се поставува, кое создава проблеми не само во секојдневниот живот на граѓаните, туку и за време на големите настани. Сообраќајниот метеж се создава токму поради незавршените проекти на Градоначалникот, а тоа резултира со огрома нервоза кај локалното население.
Почитуван Градоначалник,
Поминува септември, но и Вашиот мандат. Граѓаните се разочарани од лажни ветувања и долготрајни очекувања.
-Реакција на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации