БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Родина со план за Возобновување на Македонската Државност: Козметика не е Доволна

Пренеси го гласот

Во својата политичка платформа која што Иницијативниот одбор за формирање на политичка партија Родина, за воспоставување на одржлив политички систем во Република Македонија , посебен дел е предвиден за делот за Возобновување на Македонската Државност, за што од Родина соопштуваат дека то не е можно да се неправи со обични козметички интервенции.

Зоран Тапчановски од Иницијативниоот одбор на Родина во своја видео презентација ги образлага основните постулати на визијата на Родина за политичкиот систем во Република МАкедонија.

Едни од неколкуте главни акценти на неговата презентација се

  • Спроведување на АСНОМ-скиот и духот на Уставот од 1991ва во сите законско-регулативни акти и во сите национални и општински институции.
  • Поништување на сите закони и меѓународни договори донесени од нелегитимните анти-уставни, пучистички и самонаречени собрание и влада од 27ми Април 2017 наваму.
  • Поништување на Пржинските и Охридскиот договор и сите последици произлезени од нив.
  • Враќање на законот за локална самоуправа од пред 2004та година.
  • Поништување на регистрацијата на сите политички партии и ре-регистрација само на оние чии програми не се косат со Уставот на Република Македонија од 1991.
  • Одземање и повторно објавување конкурс за лиценци на сите медиуми.
  • Поништување на регистрацијата и дозволата за работа на сите НВО финансирани со странски средства.
  • Укинување на сите нелегално издадени Македонски државјанства незаконски доделени од политички причини од 1991 наваму.
  • Спречување доселување и легализирање на мигранти во Република Македонија, издавање пасоши на сите Македонци од светот и доделување земја за нивно враќање во татковината.

Останатите заложби може да се погледаат на нивната офицајална веб страница тука.

Ваквите постулати се ставаат на увид на јавноста за што секој Македонец ќе може да ги продискутира за да понуди алтернативно инклузивно решение за идното уредување на Република Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот