Нејасно е (макар е јасно) зошто бугарската држава инсистира македонските револуционери и просветители да се слават заеднички. Имено, кој ѝ брани на Бугарија да ги слави Делчев, Јане, Ѓорче, Дамјан…? Нека ги слави до бесознание и секој Македонец би бил горд кога би видел како бугарските политичираи им одаваат почит на македонските великани. Меѓутоа, бугарската политика бара да бидат славени з а е д н и ч к и. Барањето е (веројатно) во согласност со чудовишната теза „Еден народ, две држави“. Тезата воопшто не е наивна, бидејќи, според логиката на нештата, лесно може да дојде до наредната фаза – „разделениот“ народ да се обедини во една држава, по примерот на Германците или Виетнамците. П.С. Би било добро, на пример, бугарските политичари да кажат колку пати го посетиле гробот на Сандански во близината на Роженскиот манастир, за да ја манифестираат нивната грижа за македонските великани. За грижата говори приложената фотографија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!