БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во вторник ќе има ново задолжување на Министерството за финансии

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На  официјалната страна на Народна банка на Република Македонија објавена е аукција од државни хартии од вредност од 3.300.000.000 денари односно 53, 6 милиони евра.

Ова е уште едно од низата на задолжувања кои ги прави владата и Министерството за финансии додека Македонската економија тоне. За ваквиот проблем на државата експертската јавност континуирано предупредува во изминатите две години. Со ваквата неодговорна политика и зголемувањето на јавниот долг достигна над 50 % од БДП што е алармантно. Дополнителен проблем е што со позајмените пари воопшто не се градат стратешки проекти кои се од долгорочен интерес на државата преку кои ќе можат да се помогне стопанството за придвижување на економијата напред.

Така реализацијата на капиталните проекти изнесува очајни 28, 16% заклучно со август што според економистите е катастрофална бројка токму поради фактот што задолжувањата се огромни додека капиталните инвестиции се на очајно ниво и се поставува прашањето на што се трошат позајмените пари.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова според експертите исто така има негативно влијание врз градежништвото кое е во континуиран пад а кое е тесно поврзано со растот на БДП бидејќи градежништвото е главен учесник во градењето на БДП. Со вакви економски параметри познавачите сметаат дека тешко ќе се исполни овогодинешната проекција за БДП.

Актуелната влада на СДСМ предвидена од Зоран Заев пред да дојде на власт ветуваше дека задолжувањата ќе се намалат и дека јавниот долг нема да расте, но во реалност податоците го покажуваат сосема спротивното, што додава уште една лага на контото на актуелните власти.

Креирано од:


Пренеси го гласот