БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се, освен безусловен датум е еднакво на катастрофален пораз и фијаско за Заев и СДСМ!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со оглед на важноста и огромниот (оправдан) интерес за датумот за отпочнување на преговорите со ЕУ и отворањето на нова “пандорина кутија” за која пишував вчера, ќе продолжам и денес.

Па така, го слушаме Заев како кажува дека ние, земјите-кандидати, повеќе веруваме во европските вредности отколку самите земји членки на ЕУ … па, ако земјата не добие датум за преговори со ЕУ, владата би можела да се распушти … па, упатува повик до европските лидери да не бидат наша пречка, да бидат наши херои … па, дека и ние поддржуваме нова методологија за преговори … која конфузија од изјави и сето тоа во еден ден!

За Заев е повеќе од очигледно дека е во состојба се да каже/лаже и вети се, само за некако да го оствари единственото нешто што му преостана (без притоа да е свесен дека се, освен кристално чист и безусловен датум е катастрофа и фијаско за него и СДСМ), а мегафоните на власта се “пуштени на најјако” плукајќи по Франција и Макрон, наведувајќи дека проблемот не е во внатрешните реформи во ЕУ, а уште помалку во стагнацијата на истите во Македонија, проблемот е внатре во самата Франција!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Истовремено, ван Ромпуј (екс-претседателот на Европскиот совет и премиер на Белгија) јасно и недвосмислено кажува дека “процесот на пристапување во ЕУ е целосно врз основа на заслуги и подобро е фокусот да биде на реформите кои треба да се направат, наместо да се шпекулира за ставовите на земјите членки. Ни една земја членка на ЕУ нема да го блокира влезот на земја-кандидат која докажала дека е совршена за приклучување кон ЕУ. Реформите кои ги бара ЕУ би требало да бидат спроведени пред се за вас, граѓаните на земјите-кандидати”.

За крај еден краток сублимат, без реални и видливи реформи врз база на принципи и вредности, никој не те почитува и не ти ги вреднува празните флоскули и лажењето!

Се, освен безусловен датум е еднакво на катастрофален пораз и фијаско за Заев и СДСМ!

КриминалноРекетарскаВлада

Оставка

ПредвремениПарламентарниИзбори

-став на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace