Вчера во попладневните часови во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево се одржа промоцијата на книгата “Зад твојот сон” на роднокрајниот автор од Делчево Васил Маневски.
На промоцијата покрај авторот Маневски, свое обраќање кон присутните гости имаше Професорката Тина Даневска од Општинскиот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево и афористичарот Миле Ѓорѓијоски.
Во продолжение го пренесуваме соопштението до јавноста упатено од ОК на ВМРО-ДПМНе од Делчево во врска со настанот:
“Во недостиг на било каква културна понуда за граѓаните на нашиот град, од страна на институциите во Делчево под раководство на СДСМ, вечерва Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организираше поетско- сатиричен перформанс Промоција на книгата “Зад твојот сон” од Васил Маневски за заинтересираните граѓани во просториите на општинскиот комитет во Делчево.
Поминавме убава октомвриска вечер и за миг побегнавме од гласната турбо фолк музика која трешти во центарот на градот од под прозорот на Градоначалникот на Општина Делчево подолг временски период.
Свое поетско претставување на своето најново издание насловено “Зад твојот сон” имаше доајенот на пијанечкото новинарство г-динот Vasil Manevski.
Времето и околностите сакаа да бидеме сведоци барем на еден час на вистинска поетска магија исткаена од имагинацијата, талентот но и огромното искуство на поетот Маневски, кој со класичен реалистичен припев ги поведе присутните гости на патување низ повеќе децении од своето созреано творештво.
Неминовни беа локалните топоними, личности, настани кои со огромна жар и љубов поетот ги има опеано во своите стихови.
Неговото дело е светилник за сегашните но и за идните генерации.
Неговото реиздание на стихозбирката “Зад твојот сон” е достоен поетски документ за времињата кои на своите плеќи ги носи авторот, срочени помеѓу кориците креирани од топлината и имагинацијата на Христина Деолска. Еден поинаков иновативен тон на овој настан даде Балканскиот сатиричар Mile Gjorgjijoski кој на еден свој а светски начин го модерираше темпото и динамиката на оваа поетска вечер со свои сатирични редови во кои можеше да се препознае целата пародија во која живееме како локално општество, но и како држава во целост. Неговиот шмек му даде максималистичка конотација на самиот настан на интеракција и динамика со што присутните гости дадоа и сопствен придонес во реализацијата на атмосферата на вечерта.
Неминовни беа спомени за нереализирани љубови, минати случки и настани, за убавините поминати, за времињата тешки и пренабрегнати врз плеќите на нашиот народ.
Совршен спој на наколку интерактивни уметнички дисциплини со вистинските луѓе, во вистинско време.
Штета што локалните институции со актуелното раководство не го препознаваат ова богатство па да му придадат поголемо внимание од постојното. “
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
60 годишник од Свети Николе заработи кривична пријава поради вршење јавен превоз без лиценца
Штипјанец заврши во притвор затоа што безобзирно управувал моторно возило
Градоначалник на Лозово гонет кривично за исплата на невистинито прикажани количини на бекатон во градежна книга