23 Октомври 1893 – 2019 година
23 Октомври 1893 година во Солун, Егејска Македонија од 6 млади Македонци е формиран Македонскиот Револуционерен Комитет, кој беше зачетокот на организираната револуционерната борба на македонскиот народ, кој преку илинденското востание, крушевската република и АСНОМ успеа да ослободи дел од Македонија и да го оствари стремежот на илјадниците генерации Македонци за независна Македонија.
23 Октомври 2019 година,
Урната Републиката на Македонците, од внатре, со хибридна војна од надвор, со слуги на странските интереси, урнат Устав на Р.Македонија, урнат АСНОМ, урнато Собрание и политички партии, урнати институции кои требаше да служат на македонскиот народ, урнато меѓународното право, урната волјата на македонскиот народ јасно искажана на двата референдума.
Ние на овој датум ќе одадеме почит за животите положени за македонскиот идеал за независна Македонија и ќе пратиме порака дека независна Македонија е идеал кој нема да го напуштиме и кој по секоја цена ќе биде одбранет.
Никогаш Северна,
Само Македонија!
Подржано од Родина,
Фејсбук статус на граѓанската иницијатива за формирање на политичка партија “Родина”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина