БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

1183 објекти уништени во катастрофалниот земјотрес во Албанија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Погодените области од kaтастрофалниот зeмјотpес кој ја потpесе Албанија на 26 ноември имаат големи штети.

Последните податоци од досега завршената проценка говорат дека целосно се урнати 1.183 објекти, повеќето се приватни куќи, станбени згради и хотели, додека 558 стамбени згради се со големи оштeтyвања.

Што се однесува до погодените области, освен Драч, Тирана и Лежа, се и Пешкопеја, Кукс, Фиер, Елбасан и Берат, што значи осум од вкупно 12 окрузи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– Според податоците досега регистрирани се 1.183 урнати куќи (1.050 во областа Драч, 131 во Тирана, две во Пешкопеја), 5.497 со големи и 3.520 со помали оштeтувања. Што се однесува до стамбените згради 558 се со големи и 335 со помали оштeтувања. Штeти има и во деловни објекти, така што само во Тирана беа утврдени 146, потоа во јавната инфраструктура со 28 оштeтeни училишта, два здравствени центра и 15 електрични кабини, изјави Ровена Вода, заменик министер за внатрешни работи.

Таа нагласи дека евakуирани се 3.224 лица, во хотели се сместени 1.961, во шатори 964, во социјални центри 867, во семејства 2.525 лица.

– Голема благодарност до нашите партнери и сите наши меѓународни пријатели, на групата од 55 експерти од Северна Македонија, Грција, Турција, САД, ЕУ, Швајцарија, и Франција, кои им се придружија на 74 албански експерти. Би сакала да соопштам дека денеска им се придружија уште 30 инженери од Косово, со што вкупниот број достигна 159 – додаде Вода.

Таа соопшти дека со соодветна механизација урнати се 17 објекти, од нив девет во Драч и осум во Туман.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace