БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Воведение на Пресвета Богородица (Пречиста) – За многу години Македонци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Воведение во Храмот на Пресвета Богородица (познат и како Пречиста) — христијански празник кој го чествува библискиот настан во животот на Богородица. Приказната вели дека кога Дева Марија наполнила три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја довеле од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Ерусалим има три дена пат, но оделе на богоугодно дело и патот не им бил тежок.

Се собрале и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, каде невидливо учествувале и ангелите Божји. Напред оделе девиците со запалени свеќи во рацете, потоа Пресветата Дева, водена од едната страна од Јоаким, а од другата од Ана. Била украсена со царска благодетна облека и со украси, како што ѝ прилега на царска ќерка, на невеста Божја. Зад нив оделе многубројни роднини и пријатели, сите со запалени свеќи.

Бидејќи Марија (Богородица) била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога нејзините родители кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но се плашеле дека малото девојче може да плаче за нив па се одлучиле тој чин да го направат кога ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога, ја повеле во храмот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 Во храмот се влегувало по скали со 15 степеници. Родителите ја оставиле Марија на почетокот на скалите и таа самата се искачила со сила и сигурност на многу поголема возраст. Таму ја пречекал првосвештеникот Захарие кој на општо изненадување на насобраниот народ, а по божја повелба ја внесол во местото „Свјатаја свјатих“, каде што никој не смеел да влезе, а и првосвештеникот влегувал само еднаш во годината и тоа на празникот на очистувањето. И ова е поврзано со идната улога на Богородица, мајката на Исус Христос. Потоа Јоаким и Ана принесле жртва, се простиле со Марија и се вратиле дома.

Во храмот Богородица останала 12 години. Тука живеела заедно со други девојчиња, пееле црковни песни, го читале светото писмо и учеле некои домашни работи како везење, плетење и сл. Била послушна кон сите и затоа сите ја сакале и почитувале. Така во овој храм Пресвета Дева Марија се подготвувала за идната слава што ја очекувала.

Во тоа време ретко девојките да се заветувале на девственост до крајот на животот. Пресвета Дева Марија била прва таква девојка, доживотно заветувана девојка.

Во спомен на овој настан, воведувањето на тригодишната Марија во храмот, светата црква го востановила празникот Воведение. Овој празник меѓу народот е познат и како Света Пречиста.

Креирано од:


Пренеси го гласот