Денес среќен ден, и сакав да ви раскажам една успешна и среќна приказна за еден позитивен пример од Народ, онака питом по нарав, плашлив како срна и благороден како кралски дворјанин… ама сепак решив да ви уловам една дива штука од комшилук, бесна, озабена и наклукана со хормони на либидо до плафон… Суетна ѕверка сексуално исфрустрирана ненавикната на одбив и пораз обучена во Спартански дух, жила и жица на златно време, на постоење храброст и лудост а сега заменети со гној и антибиотици-или било каква замена?!
Ако не ви се допаѓа политичката идеја на Денот заменете ја оваа номенклатура!
Вие слободно можете да си заминете од оваа вук…. на. Не е важно кој пат ќе го фатите и каде!? Не е важно и кога оти времето за тајминг помина како брзина на светлината! Оваа власт не е заинтересирана за вашите шарени и бедни аспекти за иднината на македонскиот народ.Бескруполозни се шегите на сметка на даночниот обврзник, хм да, и не се обврзувачки!
Многу позначајно и поважно е насилното и коруптивното работење на значајни и високи структури кои користејќи ги своите позиции, менувале животи, судбини, остварувале неверојатни суми, местенки, налик на приватна фирма на татко ти!Бива така?
Странски компании поднаучени на македонски џек-шмек, болно здравство, укинати лекови и оние кои ги нема никаде, тендери, италијански и секакви фирми, рекети, баснословни суми и еден куп бајадери од политичкиот шлаг.И види, ако немаш пари да платиш ќе ти најдеме лихвар па ќе заглавиш двојно. Да му се одмили животот на човека кога знае дека на крај на месец треба да си плати за воздухот кој го дише, да биде заштитен од чавките кои какаат одозгора и на крај да има мирен сон.
Аерозагадувањето го направија владина реклама наместо реална борба на граѓанинот активист. Лоби групите напумпани со кеш шуруваат со секакви екологисти во вид на здруженија и ни го растегаат и животот и воздухот како ластик, небаре кислородот е само средство за поткусурување. Една силно сработена шема на релативизација и купување време како да Потоп ќе има после нив и само нивното е арно, а се друго неприфатливо. Јас не сум сигурен дали ви говорам доволно јасно и метафорички едноставно за да се понадевам дека црниот снег кој падна денес ќе ви биде покритие за црните ви души, дека ќе го стопи мразот во срцата ваши и наместо со паричникот и половиот орган ќе почнете да го користите мозокот и срцето… помалку ирационално помалку боли од навредливиот тон на блискиот ти и верен по дела!За таков сон сонувам јас, сон неиссонуван! А, сонот се плаќа најскапо! Затоа и сонот на младите е да сонуваат на други подалечни и понапредни места.Да избегаат од примитивизмот на власта и отровот на готвачката која не храни, да избегаат од себеси ако треба само и само да не мора да се соочуваат со аномалиите на општеството.
Тоа се дежаву елементи на памет и искуство, на желба и дисциплина, на поет и насилник, на уметник без месечна плата баш онаков како на рекламите…
Нивните а и нашите соништа не се поврзани со снискоста на лажните ликови од политичкото небо. Богата држава мајката!? На толку крадење, силување, џапање и пак на 10-ти плати!? Само како понатаму?
Има ли крај оваа агонија во која живее измачениот македонски граѓанин? Без записници се тераат процеси, се именуваат под рака главните алки во правосудството, се елиминираат опоненти по договор надвор од секаква рамка, се креира лажна слика на СРЕДЕНО општество, на заврш2н чин на траги-комедија. Едноставно Законот на Посилниот!? Право? Што беше тоа?
Секој новинар кој ќе се окуражи да изнесе факти и голи вистини ќе биде рспнат како Исус Христос од власта кој распнува за патриотизам а истата таа, власта ќе ги држи на кратки узди преку уцени и под постојан политички прогон нејзините малкумина следбеници пак тие да држат други во заложниство и се така до бескрај. Јас нема јавно да плукам и осудувам, јас сум ехото на гласот на Големиот војсководач анегел небески.… А Народот пак не е ниту Судија, нити Инспектор, ниту пак има некакво право на глас. Неговото право на глас е само пазар на тројца за т. н. Четврти или играч! Во оваа наша небиднина(од нас) никогаш порано не постоела ваква правна несигурност.Капиталистичкиот измислен комунизам и,, плава крв” не излегоа од мода и после 30 години.Останаа белег на една осакатенаа генерација полна со фобии и стравови, навудум неосвестина а всушност реален сојузник во битката на праведното око.
Несовршеноството на природните нагони никако да ја зарази лозата на контрибуторите на македонската смрт!?Никако да зачно таа бедна утроба со чедо пијано а плачливо со голема папочна врвка… Овие необележани т. н. Сојузници се венчани за функции, раководни места, фотелји, пратеници, советници… тие се движечка сила на Почетокот на крајот на една современа државичка…Агендата оди, се е по протокол, без испукан куршум ќе изгубиме лице а ќе добиеме крвава и обезличена маска и поим за фингерајки и продадени државни пари… Продадени евтино а купени скапо!
Пишува: Гоце Марков
Колумнист, Македонец и Човек
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Малолетно девојче физичко нападнато во Кочани
Тошковски: Велигден да ни биде поттик и инспирација да ги задржиме во себе хуманоста и добрината во борбата за егзистенција како луѓе и како нација
Претседателката и Премиерот од Македонскиот Ерусалим- вечниот Охрид ја дочекаа радосната вест за Воскресението Христово и вечниот живот