Томас Дамбо (Thomas Dambo) е уметник со седиште во Копенхаген, Данска. Заедно со својата екипа, Томас прави убави и забавни проекти од „ѓубре“ поточно од рециклирани материјали, кои ги наоѓаат низ градските депонии. Со тоа се надева дека ќе ги инспирира луѓето да се забавуваат и да мислат на ѓубрето како ресурс.
Томас Дамбо дизајнира нешта од мали проекти , како мебел и ентериер, до огромни уметнички проекти, честопати вклучувајќи го и неговото опкружување и луѓето околу него.
Посетителите на ова место можат да забележат чудни но маестрални суштества кои се кријат во шумската област која се наоѓа во западните предградија во Белгија. Оваа фасцинантна уметност. Тој едноставно е совршен и остава без здив, а најмногу се воодушевуваат најмладите од посетителите, со сигурност посетата на суштествата од Томас ќе ги паметат цел живот. Ви издвојуваме неколку фотографии и видео од овие фасцинантни скулптури:











СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата