Интегрално соопштение на навивачката група “Војводи-Тетово” во врска со иницијативата на Стево Пендаровски за заеднички состанок на сите навивачки групи во државата:
“Соопштение
Во текот на вчерашниот ден, ние како навивачка група бевме исконтактирани од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, и бевме поканети на заедничка средба со други навивачки групи од Македонија.
И ние, како и нашите браќа Комити, ја поздравуваме оваа иницијатива на Претседателот, меѓутоа денеска прочитавме став на Претседателот дека целта е помирување на навивачките групи во Македонија. И сега се прашуваме, за какво помирување ќе зборуваме???
Дали се свесни колку македонска крв е пролеана изминативе години? Дали знаат колку наши припадници се нападнати со тврди предмети, ножеви и слично? Раните од убиството на Саздо се сеуште свежи…
Нема една мирна година каде што нема да заплаче некоја мајка македонска…
Ние како навивачка група Војводи имаме свои КОДЕКСИ и нашиот став околу кодексите е едногласен и непроменлив
– Ние не ја признаваме Северна Македонија, поточно за нас оваа држава секогаш ќе биде Република Македонија
– Ние се бориме за унитарна Македонија
– Ние НИКОГАШ нема да преговараме со група која работи против македонските интереси, група која не ја признава оваа држава, група која не го почитува Уставот, група која има анти – македонски ставови и група која на своја трибина го пали македонското знаме
– Се оградуваме од политички влијанија и контакти со политички лица бидејќи ние се бориме за нашите интереси, сепак ние сме навивачи, а не политичари
П.С. И како македонски граѓани имаме барање до Претседателот Стево Пендаровски. На неговата средба со балисти и шверцери да им постави прашање: на следниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Косово наскоро, за кого ќе навиваат ?!
Со почит,
навивачка група ВОЈВОДИ ТЕТОВО”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист