БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зимска диета во Шкотска – Зголемете го греењето ако сакате да ослабете

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Повеќегодишно истражување кое е спроведувано во Шкотска, покажало дека луѓето чии домови се потопли во текот на зимата, губат повеќе килограми, за разлика од оние кои имаат послабо греење во домот.

Шкотското истражување е правено во периодот 1995 – 2007 година, во соработка со повеќе од 100.000 луѓе, кои во своите домови имаат централно греење. Тоа покажало дека колку што е домот потопол, толку луѓето имаат повитка фигура.

Температурата над 23 степени во домот е поврзана со понизок индекс на телесна маса кај луѓето. Истовремено, топлината придонесува за зголемена потрошувачка на енергија, но и помал апетит, поради што луѓето ги губат килограмите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Научниците овој феномен го објаснуваат на следниов начин: телото мора да ја одржува својата постојана температура, поради која во премногу топлите простории има потреба да ја ослободува. Со оглед на тоа што за тој процес е потребна енергија, која со самото тоа се согорува – се намалува и тежината.

Сепак, научниците споменуваат дека престојувањето во топли простории во текот на зимата не е само по себе доволно за да можете да ги намалите килограмите, особено не во празничниот период, кога повеќето луѓе се изложени на богати трпези. Тие советуваат дека со јадењето барем 5 мали оброци во текот на денот, меѓу кои ќе вклучите доста овошје и зеленчук кои ќе ве држат сити, ќе го намалите и внесувањето на масти и шеќери во организмот.

Вашата вага, наскоро ќе ви биде благодарна.

Креирано од:


Пренеси го гласот