Познатиот македонски новинар Бранко Героски на својот фејсбук профил објави закани кон неговата ќерка од страна на лице кои што според негови информации е од општина Карбинци.
Според информациите кои ги објавува новинарот станува збор за човек кој што има затвореничко досие а истовремено е поддржувач на Зоран Заев и Оливер Спасовски со кои лично се идентификува на својот личен фејсбук профил.
Дополнително меѓу листата на негови пријатели е Џабир Дерала кој што по потреба кога му одговара на неговата агенда го крева гласот за слобода на говор и правата на новинарите, а во случаи како овој со закана кон ќерката на новинарот “мудро” молчи и го нема никаде во јавноста да ги осуди ваквите закани кон новинарот Героски.
До нас како редакција пристигнаа дополнителни информации дека лицето кое се заканува на новинарот Бранко Героски според неговата објава на фејсбук е близок исто така и со градоначалникот на општина Карбинци од СДСМ.




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи
Кочани го одбележa 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца