Комисија за избор на спортист за 2019 година и комисијата за организирање и манифестации заедно со Општина Виница ја организира манифестацијата “Спортски асови 2019 година”

На Манифестацијата ќе се изберат:
- најдобар спортист за 2019
- најдобар млад надежен спортист (во младинска и сениорска конкуренција);
- најдобра екипа (во младинска и сениорска конкуренција);
- најдобар тренер (во младинска и сениорска конкуренција);
- најдобар Спортски работник
- најдобар спортски училишен клуб
Право на учество во изборот имаат сите спортсити, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во општина Виница, а секој кандидат треба да донесе и копија од клупската легитимација.
При пријавувањето е потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари)
Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.
Рокот за пријавување е до 20 јануари 2020, а документите се доставуваат до Инфо центарот во општина Виница (Собраниска зграда-3-ти спрат)
Телефони за контакт: 078/496-649 , 070-610 -965

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист