БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пандемиска симулација на Корона вирусот од пред 3 месеци предвидува смрт за 65 милиони луѓе

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска ширењето на Корона вирусот не е пандемиски, но сепак јавено е дека е присутен во 8 различни земји. Последни информации од изутринава се дека смртоносниот Корона вирус е причина за смрт на 25 лица како и инфекција за повеќе од 900 луѓе.

Според една симулација направена пред помалку од 3 месеци, работите поврзани со овој вирус можат да станат многу, многу полоши.

Пред нецели 3 месеци Ерик Тонер кој што е научник во “Џон Хопкинс” Центарот за безбедно здравје спровел симулација за глобална пандемија во која бил вклучен истиот тип на вирус, како што беше објавено од австралискиот Бизнис Инсајдер.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Според оваа симулација на Ерик Тонер се предвидува дека 65 милиони луѓе е можно да умрат во рок од само 18 месеци. Симулацијата исто така кажува дека ваквиот пандемиски Корона вирус во рок од 6 месеци ќе биде присутен во речиси секоја светска земја.

Научникот при тоа прокоментирал:

Се уште не знаем колку овој вирус е заразен. Знаеме дека се пренесува од човек на човек, но не знаеме во која мера и облик. Првичниот впечаток беше дека новиот корона вирус е значително поблаг во однос на своето дејство во споредба со САРС вирусот. Па така оваа информација не преви посигурни. Но од друга страна пак новиот корона вирус може да биде подложен на побрзо пренесување во споредба со САРС, барем на ниво на локална заедница.

Во неговата анализа користел измислен вирус наречен Капс, кој што би бил отпорен на било која вакцина позната во светот и би бил посмртоносен од САРС вирусот. Симулацијата била базирана на тоа дека вирусот потекнува од фарма за свињи во Бразил.

Со симулацијата било предвидено исто така да бидат откажени авионските летови и букираните патувања повеќе од 45% од вообичаените и да бидат лиферувани погрешни информации од страна на популацијата преку социјалните мрежи. Исто така вирусот во симулацијата предизвикал финансиска криза ширум планетата земја со пад на глобалниот GDP индекс за 11% и пад на берзанските акции за 20% до 40%.

Креирано од:


Пренеси го гласот