БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанушев од Илинден: Граѓаните се одлучни да му кажат СТОП на Зоран Заев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со теренски активности на членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ширум Република Македонија денеска големата акција за посета на секое населено место, на секој дом со цел на споделување на прашањата од заеднички интерес на граѓаните и нивна артикулација низ инструментите на системот кој што ВМРО-ДПМНЕ во периодот пред изборите планира да го превземе под своја контрола.

Генереалниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во рамки на оваа акција беше во посета на Општината Илинден, на населените места Мршовци и Миладиновци каде жителите на овој дел од државата искажале огромен револт против актуелната власт и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение во целост ја пренесуваме изјавата за јавност дадена во таа прилика:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Како што најавивме пред неколку дена почнуваме од овој викенд со тимови со тимови од Извршниот Комитет кои што же извршат посета буквално во сите населени места во Република Македонија.

Денес сум во Општината Илинден. Ги посетивме населените места Мршовци и Миладиновци. Исто така имаше огромна посета на луѓе и од останатите населени места . Разговаравме со жителите на овие две села со граѓаните на Општина Илинден каде што тие ги потенцираат своите проблеми. Она што можам да го кажам е дека се дефинитивно убедени да кажат стоп за Зоран Заев и СДСМ. Да кажат стоп на оваа криминално-рекетарска банда којашто распродаде буквално се што значеше нешто за граѓаните на Република Македонија.

Да ставиме стоп на разграбувањето на државата, на криминалните афери на рекетот и на се она што негативно се случува.

Граѓаните се свесни дека еден и единствен човек е виновник за се ова што се случува во изминативе три години што се случува во Република Македонија. Тој човек има име и презиме, тој човек е Зоран Заев. Зоран Заев и СДСМ се главните виновници за сите овие негативни работи за овој хаос кој што владее во државата и затоа се спремни на 12-ти Април да излезат, да ја дадат својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, да извојуваме една огромна победа и секако да ја почнеме обновата на Република Македонија.”

Креирано од:


Пренеси го гласот