БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На власта и’ одговара неквалитетен закон за јавно обвинителство, планирајќи неговите аномалии да ги користи во иднина за бегање од правдата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По вчерашниот дебакл на средбата на партиски претставници од власта и опозицијата организирана во насока за постигање компромис за Законот за Јавно Обвинителство, преставниците на власта останале вкопани во своите рововски позиции несакајќи да попуштат во насока за доближување на ставовите пред аргументите на ВМРО-ДПМНЕ.

Причините според Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски лежат во избегнувањето на суштинските материјални аспекти во законот со цел за негово подобрување од страна на власта на која и’ одговоара да не биде донесен законот како квалитетно решение, со чиишто аномалии во иднина планираат да ја избегнуваат правдата.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата на Христијан Мицкоски во врска со оваа средба од вчерашниот ден:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Проблемот кај оваа власт и со овие луѓе е што никогаш не ги интересира супстанцата, туку се се сведува на бројка. И тоа е практично навреда и за општеството и за граѓаните, но и за политичарите кои што ќе одлучат да го поддржуваат овој пристап нумерички, емпириски за вакви суштествени прашања. Инаку што му претходеше на она фијаско од вчера, претходеше наш предлог да се одржи состанок на тие работни групи за да може да се дискутира околу ново стариот предлог на текстот по законот за јавното обвинителство.

Од нивна страна дојде предлог дека е добро да бидат вклучени и координаторите на другите пратенички групи. Ние тогаш рековме во ред, прифаќаме. Но прифаќаме и исто така да биде вклучен и експертската јавност и претставници од меѓународната заедница, за да биде комплетно сето ова. Да направиме една јавна дебата и да го поканиме јавниот обвинител. Ако веќе така сакаме, да го прошириме форматот на луѓе кои што ќе дебатираат по суштината на ново-стариот предлог за Законот за Јавно обвинителство. Нормално тоа од нивна страна не беше прифатено, и во текот на денот не информираа дека ги поканиле координаторите на другите пратенички групи во рамките на Парламентот. За да не биде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува, еве да излегуваат со разно разни критички изјави ние одлучивме да бидеме дел од тој состанок и да си ги кажеме нашите ставови, меѓу кои и беше и честитката до министерката т.е. пардон новата претставничка во Венецијанската Комисија за правда, а тоа е госпоѓата Рената Дескоска, потоа нашите позиции поврзани со текстот за Законот за Јавно обвинителство и отприлика тука се сведе дебатата и замоливме да биде повикан барен Јавниот обвинител да присуствува на тој состанок, затоа што кога станува збор за Јавно обвинителство, состанок на експертско ниво добро е да имаме и Јавен обвинител, односно државниот Јавен обвинител кој што ќе присуствува и ќе даде свој коментар имајќи предвид дека на 27-ми декември прилично критизерски и негативно даде изјава поврзана со Законот за Јавно обвинителство. Се обидов да бидам колку што е можно попрецизен околу тоа што се случуваше, но и што му претходеше на она што вчера се случуваше на неуспешната средба поврзана со старо-новиот предлог на текстот за Законот за Јавно обвинителство.”

Креирано од:


Пренеси го гласот