БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мизрахи: Шкријељ со закана прави притисок врз вработените да постапуваат спротивно на закон, за што имаме и соодветни докази

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Почитувани,
Иако од моја страна како министер беше понудена соработка за нормално функционирање на институцијата во полза на граѓаните, од страна на дополнителната заменик-министерка наидовме на свесно опструирање на тековното работење на министерството.

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ изминатиот период со сеење на страв, заплашување и уцени, се обидува да го попречи извршувањето на работните задачи на вработените во Министертвото за труд и социјална политика. Вработените се во постојан стрес и страв поради заплашувањата кои секојдневно ги добиваат од дополнителната заменичка и поради тоа истите се плашат да соработуваат и да ги извршуваат своите редовни работни задачи.

Непознавањето и непочитувањето на Законот за влада на Република Македонија дополнителната заменик-министерка Шкријељ го потврдува преку меил комуникацијата и преку незаконски и беспредметнни дописи до вработените во министерството. Таа злоупотребувајќи ја својата позиција и со доза на закана прави притисок врз вработените да постапуваат спротивно на закон, за што имаме и соодветни докази.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Поради горенаведените причини, а со цел да обезбедиме нормално и непречено функционирање на редовните работни процеси, согласно член 48 од Закон за Влада на ден 27.01.2020 година се обративме со барање за донесување на Одлука од страна на Државната изборна комисија за конкретни предмети:

1. Решение за формирање на Комисија за вршење на непосреден увид во исполнетоста на условите за отпочнување со работа и вршење на дејноста на приватна установа за деца- детска градинка и
2. Решение за распоредување и Решение за плати.

Од страна на Државната изборна комисија е донесена Одлука со која утврди дека донесените решенија, НЕ ПРЕТСТАВУВААТ АКТИ ИЛИ ДОКУМЕНТИИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ПРАВНИ, ФИНАНСИСКИ, КАДРОВИ ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ, ОД ЧЛЕН 46 СТАВ 3 ОД ЗАКОНОТ ЗА ВЛАДА НА Република Македонија.
Со ова, се потврдува дека дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ, НЕЗАКОНСКИ постапувала и го спречувала нормалното функционирање на Министерството за труд и социјална политика.

Ги охрабрувам вработените, кои се докажани професионалци, да не се плашат и да не подлегнуваат на никакви притисоци а работните задачи да ги извршуваат без страв и притисок согласно закон, независно од политиката и да работат во полза на граѓаните на Република Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace