Македонската гордост, уметник на новата генерација на музички уметници и миленик на Македонската публика Влатко Лозаноски же биде пречекан еуфорично од страна на Македонците во Канада.
Така најавуваат повеќемина претставници на Македонците во оваа прекуокеанска земја кои што се вклучени во организацијата на неговото гостување во Канада.
Гостувањето на миленикот на помладите и повозрасните генерации подеднакво како во Македонија така и секаде каде што живеат и работат Македонци пред Македонците во Канада ќе се појави на 28 март, за што нашите сонародници од Канада ветуваат и се залагаат да му го приредат најубавиот дочек што некогаш некој македонски пејач го имал таму.
Неодамна Лозано ја доби наградата за најдобра етно поп песна на MAC манифестацијата во Белград во конкуренција на музички изведувачи од целиот регион.
Тогаш Лозано по најавата на водителот изјави јасно и гласно дека доаѓа од Македонија, без никакви придавки и додавки на името.
Популарноста на Лозано е втемелена во неговите преубави песни, и во неговиот милозвучен глас, но и убавината на неговиот карактер и доследноста на неговите сенародни карактеристики како музички претставник на најубавата музика на Балканот но и пошироко во меѓународни рамки.
Лозано во себе ја носи убавината и колоритноста на Македонскиот музички мелос што го чини препознатлив во интернационални рамки.
Искрено веруваме дека ваквите гостување на Лозано помеѓу нашинците во дијаспората же се интензивираат насекаде каде што има Македонци, затоа што Влатко едноставно плени со својот уметнички доем и раскош на музичкиот израз обвиткан со модерен и тренди музички наратив кој го одбележува своето време.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година