Луѓето од СДСМ треба еднаш да разберат дека не се избрани само да констатираат што правела бившата власт, туку тоа што го правела да го исправат и најстрого да го санкцинираат/казнат, ако е против човечноста и законите. Четири години СДСМ само констатира, меѓутоа ништо не менува. Ако нешто менува, тогаш менува на полошо – промена на Уставот, името, историјата… Денес официјално соопштија (гордо натопрени пред ТВ камерите) дека само во минатата година во „Дрисла“ биле согорени пет тони опасен медицински материјал. Кога тоа го знаеле, зошто ништо не презеле, бидејќи власта најмалку значи констатации и бенефиции, туку сериозна и напорна работа .
Тоа што важи за СДСМ, важи и за секоја партија. Власта не е привилегија, туку, пред сѐ, одговорност. Ако вака се продожи, Македонија набргу ќе премине во Земјата Морбидија, од која и Средновековието (познато како Мрачен век) би се згрозило.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Самопрогласени „синдикални лидери“ шират лаги за изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип