Зоран Заев во својство на Претседател на СДСМ го повлече судбинскиот чекор за формирање на фронт во сојуз со радикални структури кои во минатото не така одамна се залагаа за редефинирање на Македонската држава во насока на федерализација. Откако ја ДУИ-зираше СДСМ, сега Зоран Заев ќе БЕСЕДИ рака под рака со човекот кој него го нарекуваше измамник. Во меѓувреме СДСМ во очаен обид за одржување на власт стана мултиетничка партија со што упати порака до целата јавност за правецот на движење на нивните политики во претстојниот период.
Наспроти ова сценарио на СДСМ како партија која насилно и противуставно го промени Уставот на Република Македонија и го изгази националното достоинство на Македонецот, стои еден поинаков концепт на заедништво и обединување на Македонското национално ткиво во државата која е нераскинлив дел од Европа. ВМРО-ДПМНЕ која во своето име го содржи предзнакот за национално единство е единствениот доволно моќен политички фактор кој може да ја предводи таа борба за национално обединување на Македонските граѓани.
Македонската дијаспора која е своевиден мост на поврзување на Македонија со Европа и светот отсекогаш била нераскинлив дел од ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем и самото основање на партијата која ја донесе независноста на Македонија е во корен поврзано со Македонската емиграција.
Оваа силна поврзаност на Македонците кои живеат и работат во странство и ВМРО-ДПМНЕ е присутна и ден денеска во најтешките моменти на опстанокот на независна Македонија.
Во рамки на редовните активности кои што актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги реализира согласно своите програмски активности, на високо место се наоѓа грижата за состојбите на Македонците ширум Европа и светот. Во овие времиња на премрежја наметнати од актуелните политики на владеачката СДСМ и разорувачкиот однос на Зоран Заев по однос на Македонските национални интереси, единствена моќна политичка сила која може да застане победнички на браникот на тие интереси е ВМРО-ДПМНЕ секако повторно во силна врска со македонските прогресивни сили како во дијаспората така и дома во Република Македонија.
Таа заедничка борба на ВМРО-ДПМНЕ повторно започнува од дијаспората, со Македонците во странство од каде ќе пристигне решавачкиот удар врз погубните политики на СДСМ на претстојните парламентарни избори.

Во оваа насока се и работните средби кои што Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ги реализира во рамки на неговата посета на нашинците во Германија.
Од таму Николоски упати силна порака за одлучна победа на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Македонците ширум Европа, Австралија и САД.
Топол прием од Македонците во Штутгарт, Франкфурт, Берлин и Карлсруе и околината. Голема енергија меѓу нашата дијаспора. Дијаспората ќе е предводник на огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ на 12ти април. Да си ја вратиме Македонија!
-напиша на фејсбук Александар Николоски.
Соработката и заедничката борба на сите Македонци со високо ниво на национална свест во периодот кој е пред нас се неопходни со цел за детронизирање на Зоран Заев и сите негови политики на штета на Македонските граѓани.
Ова е време на заедништво и обединување на Македонскиот народ кога Македонија ќе каже гласно пред целиот свет во каква иднина сака да живее: онаа на Зоран Заев и неговата потреба по секоја цена да остане на власт, или иднина каде Македонските граѓани ќе го обноват своето достоинство, вредности на гордост и просперитетен живот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија