Со Велики Четврток почнуваат последните денови од Христовото страдање. Популарноста на Исус меѓу народот им пречела на властите и фарисеите и тие барале погодна можност да го фатат и да го казнат. Прилика им се укажала во средата кога еден ученик Исусов по име Јуда Искариотски дошол кај фарисеите и им понудил да го предаде Исус за 30 сребреници.
Исус знаел што ќе се случи поради што ги повикал своите ученици на заедничка вечера во четвртокот навечер. На оваа т.н. Тајна вечера Исус им укажал на учениците негови дека еден од нив ќе го предаде што кај сите предизвикало изненадување:
”Вистина ви велам еден од вас ќе ме предаде. Но тешко му на оној човек преку кого синот човечки ќе се предаде, добро ќе беше за тој човек ако не беше се родил”.
Исто така на оваа тајна вечера Исус ги благословил виното и лебот со што ја востановил и светата причесна.
” И кога јадеа Исус зеде леб, го благослови и рече:
“Земете јадете ова е моето тело“.
И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече:
“Пијте од неа сите, зошто ова е мојата крв на Новиот завет кој се пролева за мнозина за опростување на гревовите”
По вечерата Исус заминал во Гетисманија, место во близина на Ерусалим, а Јуда веднаш отишол кај правосвештениците за да го предаде.
Меѓу нашиот народ постојат повеќе обичаи поврзани со Велигден и деновите што му претходат. Со обичаи и верувања особено е исполнет Велики Четврток. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапсувањето на велигденски јајца.
Според обичајот најпрвин се вапсувале три јајца, а потоа и другите. Првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот, а третото на стоката и бериќетот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за голема граѓанска акција за пошумување на опожарени површини во делчевско, се очекува присуство на Премиерот
Најава за Јавна расправа како патоказ за затварање на Градската депонија во Кочани
Министерството за транспорт инвестира над 1,2 милиони евра за изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа за граѓаните на Штип