Патот до правдата е само преку правото и јас верувам дека оваа кауза се наоѓа во срцето на секој граѓанин/граѓанка на Република Македонија.
Најпрвин сакам да ви кажам дека ве разбирам.
Лути сте, Ви отвориле рак-рана,Ви посегнале по идентитетот, Ве излажале.
Но, ако бојкот на неуставниот референдум значеше непризнавање на Преспанскиот договор, бојкот во вториот круг претседателски избори ќе значи давање легитимитет на Стево Пендаровски и СДС да го легализираат Преспанскиот договот и истиот да го претстават како триумф.
Затоа, да се запрашаме:
Зошто да го дозволиме тоа?
Зошто друг да ни пресуди?
Зошто самите да не си ја решиме ситацијата?
Почитувани,
Да не дозволиме друг да одлучува во наше име.
Само така нема да исчезне отпорот кон предавството.
Само така ќе ја воздигнеме борбата против домашниот окупатор и ќе го победиме.
Со отворената и посолената рак-рана да продолжиме кон патот на сопственото остварување. Да ги потсетиме што значи каузата за Македонија и нејзината богата историја.Тие изгледа одамна имаат заборавено.
Почитувани,
На овие избори не одлучуваме кој ќе биде нов Претседател.
На 5ти Мај одлучуваме дали Гоце Делчев е МАКЕДОНЕЦ или Бугарин.
На 5ти Мај одлучуваме дали Александар Македонски е МАКЕДОНЕЦ или Грк.
И најважно:
На 5ти Мај одлучуваме помеѓу вештачката творевина, С. Македонија и МАКЕДОНИЈА.
Изборот е повеќе од јасен.
Верувајте, секој глас за право и правда е круцијален за опстанок на
македонштината.
Ова е борба за Македонија и мораме да ја добиеме.
Пишува: Емилија Јакимовска
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штетничката влада на СДСМ и ДУИ донела противуставен закон кој во критичен момент ја поништува октроираното судство за да се продлабочи кризата во предизборна година
Како СДСМ повторно сака протестите на граѓаните да ги искористи за сопствени политички цели?
За живот после смртта