Денеска од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНе од Штип ги обвинија властите во Штип дека на мала врата го укинуваат бесплатниот превоз за учениците во оваа општина.
Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција пренесе во јавност дел од состојбите со кои се соочуваат дечињата во дел од руралните населени места кои мораат да пешачат по 3 километри секој ден за да стигнат до своите училишта.
Во продолжение во целост ја пренесуваме нејзината прес конференција:
“Оваа власт предводена од СДС, врши деградација на образованието, демотивација на учениците и финансиско оптоварување на родителите!
Прво тргнаа со идејата за укинување на задолжителното средно образование, а сега на мала врата го укинуваат бесплатниот превоз!.
Општина Штип веќе не ја овозможува удобноста на учениците да се превезуваат со организиран транспорт од нивните населени места, туку ги оптоварува со пешачење и по повеќе од 3 километри, за да се качат и да патуваат со редовните меѓуградски автобуски линии.
Замислете, наместо да бидат во своите училишта во периодот помеѓу 7 и 7:30 часот, од некои соседни градови ќе пристигнуваат во 6:30 часот. Доказ за тоа е вчерашното официјално известување до учениците, кое им било соопштено од нивните наставници!
Меѓутоа, проблемот не запира овде. Учениците од штипските села и поодалечени населби, како Три Чешми, Железничка, Македонка… сами ќе мораат да си го плаќаат превозот до училиште, поради тоа што Општината не располага со јавен општински превоз.
Очигледно е дека интензивно се работи на иселување на младите, поради исклучително лошите услови за достапност до квалитетно и пред се‘ безгрижно образование! “


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево