На интернет апликацијата за регистрација на Македонската дијаспора за гласање во Државно конзуларните претставништва во текот на денешниот ден одеднаш беа одбиени над 900 пријавени гласачи.
Околу пладне на самата апликација бројот на одбиени пријави на самата онлајн апликација на ДИК беше околу 50-тина за попладнево овој број драстично да скокне на над 900 одбиени пријави.
Она што може да се види во моментот дека бројот на одбиени пријави и бројот на необработени пријави е идентичен.

Дополнително според сведоштва на веќе прифатени пријави на Македонци за гласање на изборите се случило отпосле да бидат одбиени.
Револтот помеѓу Македонците во дијаспората е голем.
Во отсуство на официјални соопштенија во јавност од страна на ДИК, на јавноста останува да шпекулира за што точно станува збор.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово