Дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски предлага на надлежните во министерството продолжување на рокот за ажурирање на податоците за земјоделците во Единствениот регистар на земјоделски стопанства за еден месец.
Инаку стандардно секоја година промените во регистарот се вршат до 15-ти март но поради вонредната ситуација со пандемијата на корона вирусот Трипуновски предлага продолжување на овој рок за дополнителни 30-тина денови.
Во продолжение го пренесуваме соопштението на Цветан Трипуновски во врска со ова прашање:
“Паниката која што се создаде кај граѓаните заради Корона вирусот ги зафати и земјоделците кои се во ек на ажурирање на податоци во единствениот регистар на земјоделски стопанства со цел да може да го остварат правото на земање на субвенции.
Денеска е регистрирана поголема фреквенција на земјоделци во неколку подрачни единици. Имајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата со вирусот и желбата на земјоделците да завршат во предвидениот рок, а да се спречат несакани последици, предлагам рокот за ажурирање на податоци да се продолжи за 1 месец. “


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Огромен успех на Македонската дипломатија” Стигна потврда од ООН
Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа.
Амфенол технолоџи Македонија организира екоакција по повод Светскиот ден за заштита на животната средина во Кочани