БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Неодлучен глобален одговор на Вирусот доведе до разногласие на светските лидери

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Додека светските лидери се уште зборуваат за опсегот на пандемијата со Корона вирусот, нивните гласови повеќе наликуваат на расштиман оркестар отколку хармоничен звук откако САД го напуштија местото и улогата на светски диригент.

Во Франкдурт Претседателката на Европската Централна Банка Кристина Лагард ( Christine Lagarde) предупреди дека Корона вирусот може да предизвика економски крах со обем како тој во 2008 година. Во Берлин Германската Канцеларка предупреди дека вирусот може да зарази две третини од популацијата на Германија. Во Лондон, Британскиот Премиер Борис Џонсон одобри пакет од речиси 40 милиони долари како спас и претпазливост кој ќе ја заштити нивната економија.

Како што заканата од вирусот продолжува да ги тресе финансиските пазари од Токио до Њу Јорк, светските лидери конечно почнуваат да изнаоѓаат сила за гласно да говорат за обемот на она што сега официјално претставува пандемија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сепак нивното разногласие по однос на поедини детали во напорите да се спречи ширењето на пандемијата е очигледно а актуелните мерки не даваат резултати кон спречување на ширењето на пандемијата на вирусот на ниво на државни граници на секоја држава посебно. Ваквиот неуспех се согледува на се побрзо растечкиот процент на смртност, негативниот тренд на економска пустош и надминување на просторот на амбулантните соби од страна на проширеноста на вирусот.

На овој расштиман оркестар исто така му недостига диригент- улога која што по втората светска војна ја играше САД на глобално ниво.

Претседателот Доналд Трамп не успеа да оствари соработка со другите светски лидери во насока за создавање на фронтална линија на заеднички глобален одговор, преферирајки повеќе да го промовира сопствениот ѕид на границата со Мексико отколку да работи во тесна корелација за одговор на вакви глобални закани. И тоа правејки го наспроти советите на сопствените медицински експерти.

Во среда вечер тој наметна 30 дневна забрана на патувања од Европа кон САД, тврдејки дека на Европа и недостига брз ефективен почетен одговор на врзорастечката зараза, секако без точни и дефинирани аргументи, кои ги изостави во неговото обраќање.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace