БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: САМО ДО ПРЕД НЕКОЈ ДЕН…

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Можеби само до пред некој ден за многумина беше несфатливо како било можно милиони и милиони луѓе да бидат з а к о н с к и и систематски депортирани, наспроти нивната волја, во конц-логорите, добро оградени и чувани од униформирани стражари, комесери и офицери, пасивно чекајќи го својот крај. Или, во подобар случај, животот да го поминат во импровизираните бараки и шатори, збунето гледајќи ја стварноста од онаа страна на жицата. Како можеле, се прашувавме, така кротко да ѝ се предаваат на судбината, чекајќи да ги однесат на “туширање”?

Она што до пред некој ден ни изгледаше нестварно и необјасниво, денес масовно се применува на планетарно ниво.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Мртвата, нежива и неплодно-јалова дисциплина почнува да доминира над животот – Танатосот над Еросот. Почнуваат, како и меѓу логорашите, да се јавуваат самоизбрани, или официјално назначени капоа.

Пишува: Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski

Креирано од:


Пренеси го гласот