БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Прв и основен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ е здравјето на граѓаните, а дури потоа дискусија за избори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во програмата на телевизија Телма одговараше на повеќе актуелни прашања во претплатневните вести каде што посочи дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ пред се е здравјето на граѓаните, а потоа фер и демократски избори.

„Ги слушнав барањата на СДСМ, јас нема да дадам одговор во форма на тоа дали кафулињата и рестораните работеле и дека тој е критериум по кој што ние треба да го определуваме датумот. Мислам дека треба да бидеме над ситуацијата, да бидеме сериозни и да видиме дали навистина сме способни како држава да организираме фер и демократски избори. Кои што практично ќе им овозможат на сите учесници вистински да се претстават пред граѓаните, а притоа здравјето на граѓаните да не биде загрозено. А, притоа да не го броиме бројот на лицата кои што се инфицирани, да не ги броиме бројот на лицата кои што за жал ќе ги загубат своите животи, туку едноставно да може да се фокусираме на она кое што ние пред граѓаните ќе можеме да го презентираме“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека принципот на ВМРО-ДПМНЕ со кој ќе настапи на лидерската средба е прв и основен приоритет е здравјето на граѓаните, а дури потоа може да се дискутира за било какви датуми кои што ќе овозможат фер и демократскo презентирање на политичката платформа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот