Во 2012 и 2013 година во рамки на проект финансиран од страна на Европската Комисија направено е истражување за постоењето на луѓе кои што го говорат Македонскиот јазик во Република Македонија но и во околните држави во регионот.
Спорет ваквите наоди на оваа двегодишна кампања за афирмација на мултијазичноста во Европа која што била предмет опсервација на овој проект во денешна Бугарија и тоа на ограничено подрачје на Пиринска Македонија, Македонски јазик говорат околу 188.000 лица.
Според овие наоди на официјалниот веб сајт на проектот во соседна Грција Македонски јазик говорат околу 40.000 луѓе а во соседна Србија овој број на луѓе кои говорат Македонски јазик е 47.000.
Останатите бројки на луѓе кои го говорат Македонскиот јазик може да ги погледнете на сл. линк тука
Според податоците прикажани на интернет страната на проектот во Македонија Македонски јазик говорат 1.288.000 лица.
Исто така на овој веб сајт е посочено дека станува збор за “MACEDONIANS IN BULGARIA (MACEDONIANS)” како малцинство во Бугарија.