БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Идентификувано лицето кое ширеше говор на омраза што предизвика жестока реакција на ромите во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Наќе Чулев упате соопштение до јавноста во кое информира дека е идентификувано лицето кое што преку социјалните мрежи ширеше говор на омраза која што постапка предизвика бурни реакции од поголема група на роми од Кочани кои во текот на вчерашниот ден излегоа на протест по улиците во Кочани.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Министерот Чулев:

“❗ Во текот на вчерашниот ден до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи преку електронска пошта пристигната е пријава која се однесува на определено лице кое преку својот профил на социјалната мрежа Facebook објавил постови кои содржат текст во кој се шири говор на омраза поврзана со припадниците на ромската заедница во државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✔️ Во таа насока, од страна на секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика веднаш е постапено и утврдено е дека во конкретниот случај се работи за лицето И. Ѓ. (30) од Скопје кое во повеќе наврати на својот профил на социјалната мрежа Facebook објавил постови со кои се шири говор на омраза насочена кон ромскиот народ и муслиманите, со што сторил кривично дело “Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по член 394 – г од кривичниот законик, за што до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава.

➡️ Во однос на вчерашната изјава на Самка Ибраимовски каде истиот ме повикува да постапам во однос на ширењето на говор на омраза према Ромите би сакал да истакнам дека додека јас сум Министер за внатрешни работи, Ромите и сите останати граѓани ќе бидат еднакви пред законите и министерството за внатрешни работи ќе постапува неселективно, професионално и еднакво против секој кој ќе ги прекрши законите независно од неговата етничка, верска, политичка и било каква друга припадност. Во таа насока вчерашната изјава на господинот Ибраимовски ја сметам како свесна манипулација и груба злоупотреба и искористување на ромскиот народ за политички цели имајќи предвид дека се наоѓаме во предизборен период.”

Креирано од:


Пренеси го гласот