БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мартин Ристевски: Желбата на СДСМ за избори, ќе не стави повторно во карантин

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кога за време на пандемија изборите се приоритет, бројката на заразени и починати е вртоглаво висока.

Министерот за Здравство, Венко, потфрли максимално. Комисијата за заразни болести, потфрли максимално.
Сакам да им ги видам лицата на сите оние кои по социјалните мрежи ставаа слики од типот “Слушај го Венко”,  се крстеа во него како во икона, па во текот на денот го слушаа по 100 пати на сите телевизии, небаре ја измислил вакцината против вирусот.

А Венко, само глумеше портпарол, исто како да го слушате Костадин Костадинов од СДСМ пред штабот на ВМРО ДПМНЕ, каде што бара од АнтиЗападниот Мицкоски да каже зошто не ја бива во државава, зошто економијата им е нула, зошто СДСМ во сите општини вработува стотици нови луѓе кои ниту знаеме за нивното образование, ниту која е потребата за тие дополнителни вработувања, ниту од каде пари за нивните исплати.

Секако, јасно е дека сите тие вработувања кои СДСМ ги јачаше последниве 2-3 месеци, додека опозицијата на секој начин снабдуваше медицинска опрема за здравствените работници и за припадниците на МВР, СДСМ се спремаше за избори, на маката на граѓаните, со сиот нивни буџет.
Додека граѓаните донираа ДДВ, донираа пари и друг вид средства за помош на заболените од КОВИД, СДСМ исплаќаше плати на оние од СЈО, да имаат пари за да рекетираат, да јадат ф’стаци и лешници, и да се возат во луксузни возила и да шетаат на луксузни одмори..
Додека ВМРО ДПМНЕ велеше да им се зголемат платите на здравствените работници, да им се доделат бонуси на припадниците на МВР, СДСМ носеше уредби за исплата на државни пари за бизнисите на Кочо, Вице и компанија.
Додека во општините има ѓубре расфрлано на сите страни, СДСМ откупуваше отпад од странство, само за да може тука да го пали.
Додека пациентите умираа пред болница, немајќи можност да се тестираат од КОВИД, СДСМ лажеше дека респираторите само што не стигнале од странство, па како контра мерка даваа санкции на држави како што е Турција.
Викендот пред верскиот празник Бајрам, го отфрлија барањето на Министерот за Внатрешни работи, Наќе Чулев, да биде сеуште ограничен полицискиот час, тие пак, воведоа полициски час 3 дена, знаејќи дека албанските верници ќе се движат без да се интересираат за мерките, а Министерството за Внатрешни работи го впуштија во војна против верниците, со цел да го оцрнат ВМРО ДПМНЕ дека е против албанците, како што беше случајот во Сингелиќ, па Градоначалникот од Гази Баба глумеше херој и одеше да ослободува притворени лица.

  Сето ова, СДСМ го прави во име на добивање датум за избори, додека сеуште има пари во државната каса, приливи од донации на фирми и граѓани и кредити одобрени од Светска Банка, ММФ и други.
Вирусот ниту ги спакува куферите од Македонија, а ниту оздравевме физички и психички од истиот, ама лажната слика која Венко, Спасовски и Заев ја создаваат, ниту Гебелс во времето на Хитлер не можел да го направи.
Да имаше вистинска борба против лажните вести, горенаведениве ќе лежеа во затвор само поради создавање лажна перцепција, а потоа заради се останато.

Почитувани медицински работници и припадници на Министерството за Внатрешни работи, простете им, не знаат што прават!

СДСМ никогаш не се грижеле за вас, нема ни да се грижат. Освен, ако не сте човек од типот на ЦАЦА, тогаш лесно ќе ви прогледаат низ прсти.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Пишува: Мартин Ристевски

Дипломиран политиколог

Креирано од:


Пренеси го гласот