Интегрален текст на прес конференцијата на Трајче Здравков од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип:
“Почитувани,
Уште на почетокот на пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ даде конкретни предлог мерки за намалување на последиците од вирусот ковид 19, меѓутоа горделивата власт не само што не ги зема во предвид, туку и немо ја следеше целата ситуација.
Наместо вирусот да се стави под контрола,поради неспособноста на власта во Штип бројот на заболени е двоцифрен.
Текстилните работници се главна мета на вирусот,а кризниот штаб сеуште нема свикано седница за да се редуцира бројот на заболени во овој сектор.
Затоа прашуваме :
– Зошто надлежните не направат план за редуцирање на бројот на текстилни работници кои се превезуваат со автобуси ?
– Зошто кризниот штаб не наложи сменско работење во текстилниот сектор ?
– Која е улогата и задачата на кризниот штаб,бидејќи не видовме конкретни мерки за редуцирање на бројот на заболени во Штип ?
И за крај, дали има “капетан на бродот” во СДС или се занимаваат само со брзи корона избори без грижа за колективното здравје на Штипјани ?!”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг