БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Протест во Делчево со свирежи и колона возила против насилството врз кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, врз жените и децата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вечерва во Делчево се одржа протест против физичкото насилство на власта врз политичките неистомисленици, за насилството кое што поединци го демонстрираат врз жени и деца.

Конвој од моторни визила со свирежи го парализираа за момент Делчево со сообраќаен метеж преку кој што сакаше да се упати симболична порака за револт против насилничкото однесување на поединци од актуелната политичка гарнитура.

Кандидатот за пратеник Драган Ковачки кој зеде свое учество во протестниот конвој по улиците во Делчево, упати своја порака во јавноста за време на протестот:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Протестот следуваше по инцидентот на следење на кандидатката за пратеник во Македонскиот парламент од третата изборна единица од страна на НН лице додека таа се движела низ Делчево со своето дете.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево упатија своја порака во врска со овој протест чија содржина ја пренесуваме во продолжение:

“Нема да не уплашите ниту поколебате.
Нашата борба е посилна од сите Вас заедно на купче.
Жените- кандидатки за пратеници од Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ се посмели и похрабри од сите ваши кукавици заедно кои ги праќате да ги следат и заплашуваат нашите кандидати.
Следењето на кандидатка за пратеник со нејзиното дете низ Делчево од страна на непознати лица во службено возило е кривично дело за кое треба некој да сноси одговорност
Апелираме институциите да го расветлат овој случај и одговорните и нивните продолжени раце-сторителите да бидат соодветно казнети”

Креирано од:


Пренеси го гласот