Денеска во центарот на Штип своја прес конференција имаше кандидатот за пратеник од Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов од третата изборна единица.
Текстот на неговата прес конференција го пренесуваме интегрално во продолжение:
“После овие избори, после победата на ВМРО-ДПМНЕ, Истокот повторно ќе го добие приматот кој го заслужува. Во Програмата Обнова се предвидени низа проекти за раст и развој на источниот регион, нешто кое не беше случај изминативе 3 години.
Предвидуваме завршување на експресните патишта од Штип кон Кочани и Радовиш, ќе ја завршиме Клиничката болница во застој, ќе го изгеадиме Магистралниот гасовод Штип ‒ Радовиш ‒ Струмица ‒ Гевгелија, ќе изградиме делница за поврзување на Технолошко-индустриската развојна зона во Штип, ќе стимулираме инвестиции во спа и здравствени центри, како и многу други проекти.
Ние мора да го завршиме тоа што одамна беше почнато, а неспособна та влада на СДС не го доврши. Ние мора да понудиме иднина на граѓаните во која ќе живеат квалитетно. Затоа, почитувани сограѓани, Обновата е патот по кој треба да тргнеме заедно во наредниот период!”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година