Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Наќе Чулев денеска оствари работна посета на СВР Штип и ОВР Кочани.
Во рамки на посетата Чулев ги афирмираше своите политички определби за спроведување на мерките и препораките за заштита на граѓаните и вработените во МВР од влијанието на корона вирусот.
Исто така во рамки на средбите фокус бил даден и на активностите на МВР во насока за обезбедување на фер и демократски избори но и постојните активности за сузбивање на сите форми на криминал.
Во продолжение интегрално го пренесуваме неговото соопштение во врска со овие посети:
“✋ Денеска остварив работна посета на Секторот за внатрешни работи во Штип и Одделението за внатрешни работи во Кочани. Во фокусот на двете работни средби со раководството беа темите поврзани со справувањето со пандемијата од Ковид-19, активностите за обезбедување и организација на парламентарните избори и тековните активности поврзани со борбата против сите форми на криминал.
➡️ На централно ниво Министерството за внатрешни работи преку Републичкиот оперативниот штаб формиран за таа намена ги презема сите неопходни мерки за обезбедување на фер и демократски избори, но и за обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните. Секторите за внатрешни работи, пак преку одделенијата за внатрешни работи треба тие активности да ги операционализираат до секое избирачко место на територијата на целата држава.
➡️ Кога станува збор за кривичните дела поврзани со изборите, постапувањето на полициските службеници треба да биде неселективно, затоа што таквото постапување ќе гарантира дека изборите се демократски и ќе биде причина граѓаните храбро, одлучно и масовно да излезат на гласање. Бескомпромисната борба против сите форми на криминал поврзан со изборите ќе прати јасна порака дека сите имаме иста и заедничка цел – фер и демократски избори кои ќе ја потврдат легитимноста на идната влада.
🇪🇺 Во периодот што следи Министерството за внатрешни работи е исправено пред сериозни предизвици и реформи со кои треба да се потврди патот на државата кон Европската Унија. Еден од тие услови е модерна, професионална, реформирана и опремена полицијата која ќе постапува неселективно во спроведување на законите и ќе може рамо до рамо да се носи со европските полиции. Таква полиција заслужува нашата држава и сите граѓани.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип