На синоќешната седница Владата усвои предлогот за зголемување на висината на акцизата за дизел, соопшти владината служба за информирање. Мерката пред две недели ја најави министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Со измената на Законот за акцизи се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво), кое се користи како погонско гориво, и на гасното масло, кое се користи како гориво за греење, за 3 денари.
Ќе се зголеми акцизата за нафта за 3 денари по литар, односно цената на дизел горивото со ДДВ за 3,5 денари. Со ова зголемување на акцизата за нафта треба да се зголеми приходот во буџетот за 1,6 милијарди денари, а од ДДВ од продажба на дизелот приходот да се зголеми за 350 милиони денари.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week