Денеска на конститутивната седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски имаше своја епизода при влезот во собранието кога од страна на собраниската бирократија не му беше дозволено да го внесе својот електричен тротинет во собраниската зграда.
Неговиот гест со кој сакаше најверојатно да ги алармира надлежните за високите износи што се исплаќаа во минатото на пратениците за патни трошоци упатува јасна порака дека е дојдено време за поинакви политичари кои ќе се однесуваат домаќински и одговорно со државниот буџет.
“Собранието е подготвено да исплати илјадници евра патни трошоци, а истовремено има забрана за внесување на електрични тротинети во зградата.
Собраниската бирократија мора да ја промениме, посебно кога е во интерес на животната средина и штедење на буџетски средства.”
-напиша тој на својата фејсбук страна.
Дополнително соопшти дека со пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе работат од денеска Собранието да се претвори во вистински дом на граѓаните:
“Од денес ќе работиме Собранието да се претвори во вистински дом на граѓаните.
За Македонија 🇲🇰”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината