Државниот инспекторат за животна средина и СЕП “се разработија” точно на државниот празник 8 Септември и тоа во раните утрински часови. Канцелариите на овие две институции буквално гореа од “работната атмосфера” во која било ангажирано поголемо количество на електрична енергија за да ја заврши работата која што човечкиот фактор не можел претходно.
Какви и колку документи клучни за работата на оваа наша “посветена” а сега и просветлена администрација во овие две јавни институции е замината во неповрат е прашање кое што веројатно никој во државата нема да се сети да го загатне или не дај Боже одговори во наредниот период.
А за причините, останува трилер-романи да се пишуваат на темава.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патека која не е дел од официјалната патека за одржување на велосипедската трка во рамки на ЕМОФ
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината