Учениците за да ја користат новата национална платформа за учење ќе мораат да имаат компјутер кој што задоволува гејмерски перформанси.
Постарите компјутери со кои што располагаат најголемиот дел од семејствата во Република Македонија а кои не ги задоволуваат овие перформанси ќе мораат да набават нови компјутери за да можат нивните деца да ја следат наставата од самата платформа за учење.
За ваквиот проблем во јавноста реагираше пратеникот од Кочани од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.
Неговата реакција ја пренесуваме во продолжение во целост:
“Мила Царовска, ја објави конфигурацијата која е потребна да ја поседуваат учениците за “Националната платформа за учење”
Само за споредба, ви треба сличен или малку “помоќен” компјутер од оној што ви треба за да ја играте популарната Fortnite!
Мин конфигурација за националната платформа за учење:
* CPU: Core i3, 1.6ghz 7 генерација
* RAM: 4GB RAM
* HDD: 128GB
* GPU: min 128 mbFortnite: Minimum Requirements
* CPU: Core i3 2.4GHz
* RAM: 4GB RAM
* HDD: 16GB Free Space
* GPU: Intel HD 4000 (integrated graphics)
Дали министерката за дискриминација е запознаена колку родители поседуваат конфигурација која ја подржува Fortnite, односно ќе ја подржи “националната платформа”?”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“