БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Да се испита партиското влијание врз одлуката на Регулаторната комисија за поскапувањето на ел. енергија, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеничката Марија Петрушевска денеска од пред Собранието на Република Македонија во изјава за медиумите соопшти дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија до Собранието поднесоа иницијатива за реализација на надзорна расправа во Комисијата за финансирање и буџет за причините за поскапување на цената на електричната енергија во услови на економска криза.

Сиромаштијата на Македонските граѓани е главниот мотив за спротивставувањето на ВМРО-ДПМНЕ на поскапувањето на струјата за 7,4% а преку ваквата надзорна расправа во Собранието пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе покажат дека поскапувањето е направено со цел на заштитата на големиот профит на енергетските компании на штета на сите граѓани во Република Македонија.

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес до собранието на Република Македонија доставува иницијатива за одржување на надзорна расправа во Комисијата за финансирање и буџет за причините за поскапување на цената на електричната енергија во услови на економска криза. Ваквата одлука за поскапување на струјата за 7,4% според нас, а и според поголемиот дел од јавноста е ирационална и директно ќе удри по џебот на граѓаните и нивниот стандард. Особено што ваквото поскапување е единствено во регионот и пошироко, во услови на пандемија, кога сите останати земји ги замрзнаа цените на овој енергенс, а некои дури и ги намалуваа.

Сметаме дека одлуката на Регулаторната комисија за енергетика има за цел да го заштити профитот на енергетските компании, на сметка на семејниот буџет на граѓаните, а патем и да го покрие нерационалното трошење на огромни суми, партиските и непотистички вработувања, сомнителните тендери, кои потоа ги прикажуваат како трошоци за работа. Надзорната расправа ќе ја открие вистинската причина за ваквата нерационална одлука која уште повеќе ќе го забрза тонењето на стандардот на народот.

ВМРО-ДПМНЕ останува на својот став дека цената на струјата треба да се врати на нивото пред одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и истовремено бара да се испита партиско-политичкото влијание врз Регулаторната комисија, што ако се покаже неминовно ќе доведе до нејзино распуштање и избор на нова која ќе работи самостојно врз база на експертски и реални анализи.””

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace