БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пецаков: Власта на СДСМ предводена од Зоран Заев сè што фати во државата исуши

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Оваа народна мудрост преточена во лајт мотив од денешната изјава за медиумите која што ја истакна Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ е поразителна состојба со која штета ќе трпи Македонската гордост-Охридското езеро.

Пецаков ги прозва актуелните надлежни власти дека го користат Охридското езеро како акумулација за производство на струја на штета на биодиверзитетот во езерото.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Кирил Пецаков од брегот на Охридското езеро каде се забележува нискиот водостој на езерото:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Власта на СДСМ предводена од Зоран Заев сè што фати во државата исуши, па така и нивото на водата во Охридското Езеро кое за овој период е во алармантна состојба.

Дали Охридското Езеро за СДСМ е вештачка акумулација, па да можат со ЕЛЕМ безмилосно да го празнат за производство на електрична енергија? Дали недостатокот на јаглен придонесува за ваквото поигрување со Охридското Езеро како да е вештачка акумулација? Градоначалникот Константин Георгиески да одговори што се случува со ниското ниво на водата во езерото? Пратеничката Жаклина Лазаревска сега молчи за несовесното и неодговорно однесување кон Охридското Езеро. Власта наместо како природен ресурс езерото го третира како акумулација за производство на електрична енергија. Лицемерно за личен профит го опустошија езерото, но затоа ја поскапеа струјата.

Тој додава дека самото ниво на водата во Охридското Езеро е алармантно и е директна закана за растителниот и животинскиот свет во езерото.

-Кој ќе понесе одговорност за негативните последици на растителниот и животинскиот свет? За СДСМ ниту Охрид преку дивоградбите, ниту Охридското Езеро со нискиот водостој како да не се заштитени од УНЕСКО, но ги потсетуваме дека за сите вакви негативни последици по градот и езерото се противзаконски дела. СДСМ претходно беа најгласни, а сега за нивото на езерото молчат. Сега се власт и како што тврдеа претходно треба да реагираат веднаш, во спротивно ќе ја докажат нивната неспособност.”

Креирано од:


Пренеси го гласот