БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гоце Марков: Вистината за Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Две илјади и дваесет лета Господови и нешто плус кусур Империја не делат од големина, кралство, првата ДНК…

Чеда сме на Александар, на Самуил, на Гоце, на Ченто, на просветителите, на духовните дејци Кирил и Методиј, Климент и Наум…

Чеда на Илинденците, на партизаните, на насилно регрутираните Македонци во туѓи војски: бугарски, српски, грчки… Мета на фанариотите, на поповите од комшии, на пропагандата, на асимилацијата… Пет и пол века турско?! Опстанавме оти сме пиреј, троскот, рак рана на Отоманите… За Античките да не говориме, тоа е болна тема за Грците.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Нереалени измислен мит кој постои само да си имаат алиби и покритие за Букурешкиот…. Срцеболка се јавува кај секој искрен патриот кој читал и се наобразувал историја.

Затоа и праќале туѓи учители после восјките туѓи, виделе дека полесен начин е да му го испереш мозокот отколку облеката. Основа за Преспанскиот предавнички договор е оној првиот…се друго е хронологија. Кога ќе читаат еден ден помладите историја да се сетат на моите думи, дека не секогаш ја пишува историјата, посилниот… Еве ви писание, ваше е на кого ќе верувате!? Втора работа за Албанците и нивната вековна желба за Голема Албанија, три албански држави на Балканот и еден со три државјанства?!

Па зошто тогаш попис и црни книги?? Илирите се Албанци е друга приказна на кој се темели идејата за Голема Албанија, база за поголемо скриено и преќутено желание за федерација на Македонија а фри шоп зони со Косово и Албанија?!Тука странските амбасадори ќе молчат или ќе говорат? Досега не слушнав дума за Македонија, а е 17.09.2020. Трета работа, имате идеја за Голема Србија во која по територија е цела денешна Македонија.

Така кажале тогаш на кобната дата. Сказните од Толстој за Бугарија да ги расправаме ли ? Прв Бугарин, Исус бил Бугарин.Сирена, гладијатор, витезите биле бугари?! Гоце Делчев бил Бугарин велат тие…сите просветители, сите дејци кои се бореле за Македонија!? Па зошто тогаш нигде не пишува дека се бореле за независна Бугарија, сериски држава била тогаш, со војска, со администрација?! Многу контрадикторности а само една вистина, Македонија!? Желба за едно парче повеќе од неа, шлаг на Балканот своевремено а сега поради сегашнава власт-црна дупка во времето, и тоа презадолжена… Врз база на овие приказни се отворале и воделе Балкански војни, па и светски… Интересно е што секогаш позади големите апетити на малите државички комшиски секогаш стоеле Големите концесионери олицетворени во конзули тогаш а амбасадори денес! Исходот се знае… Денес исто е се. Со фамозниот Преспански се затворени олимписките внатрешни прашања за македонските малцинствата таму.Точка.

Прифатена историја на постоење од 91-та па наваму. Пред тоа немало Македонци според Заев и Димитров?! Тие друго ве лажат ама историјата е ова писание. Македонија падна на тестот на држави.Воведена двојазичност, чекор кон федерализација.

Од државотворен народ се претопување постепено во бинационална и држава на два народа (без малцинства други, тие изгледа се неважни во новата реалност?) Еве сега имате и двајца премиери(едниот е измислен бидејќи по Устав го нема) Онолку измислен колку процентот, колку работните места кои се полнат и забрзано ќе се полнат… Ееееј Македонци спијат во тиквите!! Вакви какви што ве гледам и ова ви е малку! Лост ин транслејшн! Македонија станува федерација ама уште ви немаат кажано мама и тато (Големите). Немоќни, скриени позади секојдневите борби за парче леб, кој државен кој приватен, немушти и далеку од Античките, од Гоце, од Ченто, од партизаните и комитите, застанете пред огледало и запрашајте се!? Дали и ова не ни е многу? Ќе следат нови други работи. Ќе ќутете, ќе траете, ќе молчете ко риби!? Чунки кариери, директори, шефови, феудалци и тендери врзани со секоја моментална владејачка гарнитура, ќе пишувате историја, ама срамна!! Патот кон пеколот и новата голгота не е поплочен ниту со добри и искрени намери, ниту со желба за Македонија. Вчера еден од Власта кажа дека патриотизам е назадна работа.

Еве за тој гласавте.

Јас ли да ви давам отчет? Си сменивте името, си сменивте знамето, сега е ред да си смените и полот, чунки мажи не сте! Да живее Идејата, Каузата…

Вечна Македонија!!

Пишува:

Гоце Марков– колумнист, човек и Македонец

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace