БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова е солистот кој ја испеа песната “1762 лето” различно од оригиналот и доби негативни реакции од голем број Македонци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на свечениот концерт на Македонската филхармонија во чест на јубилејот: „1000 години Бигорски Манастир“ солистот Кристијан Антовски на Македонската филхармонија ја испеа песната “1762 лето” со изоставање на неколку стихови (третата строфа како и строфите од петта до тринаесетта) од оригиналната песна.

Во овие стихови кои што се изоставени од оригиналот, во ова пеење се зборува за грчките злодела врз Македонското население кои што Прличев ги опеал во својата песна.

Во оригинал оваа песна ја има напишано Глигор Прличев а потоа низ годините ја имаат препеано повеќе уметници и музички автори.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во јавноста изведбата на оваа песна од страна на солистот Кристијан Антовски на концертот за одбележувањето на илјада годишнината од постоењето на Бигорскиот манастир со изоставање на одредени стихови од оригиналот предизвика лавина на реакции на социјалните мрежи од кои што најголем дел се негативни.

https://www.facebook.com/RobertMileskiBlog/posts/1597053510466408

Во продолжение во целост го пренесуваме оригиналниот текст на оваа песна напишана од Григор Прличев:

“Илјада и седимстотин шесдесет и второ лето
в Охрида од Цариграда дошел салаор.
Еј! Дошел салаор.

Се претставил пред Арсенја, наша Патрика честнаго
и му рек’л слово горко, слово жалостно.
Еј! Слово жалостно.

Царска волја е да тргнеш, денеска за Цариграда
на тебе од врли Грци, голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Собрал патрик свое стадо, в црква свјати Климентова
благослов им дал последен, р’це заплетил.
Еј! Р’це заплетил.


Д’лго време липал старец, в молчење в’сенародно
и по бела брада ронел с’лзи горешти.
Еј! С’лзи горешти.

Слушајте ме мили чеда, јас ќе идам в Цариграда
на мене од врли Грци голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Грцкиј патрик ќе ни строши, славна Охридска Столица
и мене до смрт ќе држи в заточение
Еј! В заточение.

Ќе прати владици Грци, лицем светци срцем в’лци
ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м’лзат до крв.
Еј! Ќе молзат до крв.

Меѓу народа ќе сејат, несогласје и раздори,
да се мразат син со татка и со брата брат.
Еј! И со брата брат.

И ќе викнете до Бога, и крило не ќе најдете,
смирени ќе наведете глави доземи.
Еј! Глави до земи.

Ќе ми бидете сираци, така било написано.
Елате ми да ве гушна за последен п’т.
Еј! За последен пат.

Ч’рна т’га поразила, старо, младо, м’жи, жени,
Вси со р’це заплетени с’лзи проливат.
Еј! Солзи поливат.

Тој ги гушка, тие т`жни, му целуват десна р’ка и од р’ка
как’ од извор с’лзи се лејат.
Еј! Солзи се лејат.

Вјахнал Патрик брза коња, и неволно уп’тил се.
Тога грмкиј плач народен небо процепил.
Еј! Небо процепил.


Умилил се чесниј Патрик, свалил шапка навезана,
погледал на сино небо, љуто прок’лнал.
Еј! Љуто проколнал:

„Ох! послушај, милиј Боже! Хаир никога да немат
Стамче беј и Бујар Лигдо, Пејко Челеби!
Еј! Пејко Челеби.

Милостивиј Бог послушал, патричка горешча клетва,
слава нихна, семе нихно погубил со шум.
Еј! Погубил со шум.

И сега во куќи нихни, ткае пајак пајачина
и на пусти стрехи нихни хукат хутове.
Еј! Хукат хутове.”

Во продолжение ја пренесуваме и изведбата на оваа песна од страна на Ансамблот “Билјана”:

Креирано од:


Пренеси го гласот