Град Скопје преку социјалните мрежи се “пофали” со ново-поставени држачи за велосипеди.
Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение интегрално:
“Во рамки на Факултетот за ликовни уметности-Скопје, во објектот Сули Ан во Старата скопска чаршија, деновиве, беа поставени десетина паркинг држачи за велосипеди.
Град Скопје, со оглед на зачестената употреба на велосипедот како превозно средство во овој период, ја препозна потребата од зголемување на капацитетите за паркирање, но и за проширување на велосипедските патеки, па оттука континуирано работи на реализација на вакви проекти со кои што ќе им излезе во пресрет на бројните велосипедисти.”
Со голем број на коментари под ваквата објава на фејсбук граѓаните го искажаа главно својот револт против ваквиот “мега” проект на Петре Шилегов.
Во објект кој е споменик на културата, вие бушевте и бетониравте држачи за точаци?! Немаше место надвор…..?!Ај бе не се заебавајте… не е ни смешно веќе колку сте неписмени и недоквакани.Изведбата е посебна приказна….Трагедија…
-пишува во еден од многуте коментари кај оваа објава.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Огромен успех на Македонската дипломатија” Стигна потврда од ООН
Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа.
Амфенол технолоџи Македонија организира екоакција по повод Светскиот ден за заштита на животната средина во Кочани