БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки: Шеќеринска и Пендаровски да кажат пред јавноста дали некој им подметнал или не им подметнал кандидат за воен претставник во НАТО

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во своето гостување во утринската програма на ТВ АЛФА денеска зборуваше за политичките аспекти на безбедносните предизвици пред кои што се наоѓа Република Македонија, во контекст на скандалите со одбивањето за прием на воените претставници на нашата држава во НАТО командата што се случија во изминатиот период.

Главниот акцент на дебатата во емисијата беше ставен на отсуството на стручни воени претставници во НАТО командата кои што ги исполнуваат високите НАТО стандарди од име на Република Македонија, како и отсуството на информации од најодговорните лица на власта за ваквата состојба. Радмила Шеќеринска како политички претставник на највисоката позиција во Министерството за одбрана преку која што поминуваат сите контролни механизми во министерството па и номинацијата на лица за воени претставници во НАТО алијансата молчи за целиот случај а во јавноста СДСМ лиферува партиски соопштенија за државни работи. Оттука според ковачки е нарушена линијата на поделба на државата и партијата. Понатаму Стево Пендаровски кој исто така како Претседател на државата има ингеренции во целата постапка за номинација на воени претставници на Македонија во НАТО Алијансата, исто така молчи за целиот случај.

“Министерката и Претседателот мора да излезат и да соопштат на Македонската јавност што се случило: Дали некој им подметнал или не им подметнал кандидат- еден или двајца? Мораат да излезат да кажат!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Мора некој да понесе одговорност за таа работа. Мора! Без тоа ние не можеме да одиме напред. За каква демократија зборуваме, за кои принципи на транспарентност на отчетност зборуваме кога Министерката се крие веќе осми ден откако ја прозиваме, не одговара. и дава партиски соопштенија преку нејзината партија одговараат во име на Министерството за одбрана, значи спојот меѓу министерството и државата се гледа. Мора да се стави точка на таа работа! Само така ќе одиме напред, кога државата ќе ја одвоиме од партијата, кога институциите ќе бидат подредени за потребите на граѓаните, за потребите на мисијата која што им е доделена од државата, само така ќе одиме напред.

Ако избегнуваме одговори, ако избегнуваме да комуницираме со јавноста да им објасниме, ниту за демократија ќе станува збор ниту за напредок на државата.

Што пи итно излезе, што побрзо понесе одговорност, човечки е да се згреши ама еднаш… меѓутоа двапати да згрешиш и да бегаш од одговори тоа е веќе несериозно. Тука веќе паѓаат сите маски.”

-заклучи Драган Ковачки во своето гостување во утринската програма на АЛФА ТВ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace