Опозициската ВМРО-ДПМНЕ како дел од својата константна политика на одбрана и афирмација на Македонската самобитност денеска во собранието излезе со конкретен предлог кој изненади многумина негатори на Македонскиот национален идентитет.
“ВМРО-ДПМНЕ предлага за пратеник во Собранието на Република Македонија да биде избран човек кој има само МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО, да видиме кој ќе поддржи ваков закон, а кој не и да сме на чисто кој какво државјанство има!”
-соопшти денеска преку социјалните мрежи Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Оваа конкретна политичка понуда на Потпретседателот Николоски во Македонското собрание беше соопштена од дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои поднесоа предлог за изменување и дополнување на законот за пратеници .


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“